3(три) ЗА ТБ – Соработка со Црвен Крст на РСМ

3(три) ЗА ТБ

Оваа година во соработка со Црвениот крст на РСМ за обележувањето на Светскиот ден на борба против туберкулоза – 24 март, учениците од ООУ „Димитар Миладинов“ – Центар учествуваа со нивни изработки или фотографии на кои се прикажани 3 ЛИЦА, 3 ПРЕДМЕТИ или БРОЈОТ 3

Низ целиот свет, 3 лица ги губат животите од ТБ секоја минута.

Но, со навремено дејствување, можеме да ставиме крај на оваа болест што може да се спречи и да се лекува. Се придружуваме на светскиот предизвик преку споделување на пораки на социјалните мрежи поврзани со борбата против ТБ #ЧасовникотОтчукува.

Туберкулозата (ТБ) е предизвикана од бактеријата (Mycobacterium tuberculosis) која најчесто влијае на белите дробови. Туберкулозата се шири од човек на човек по воздушен пат, кога луѓето со ТБ кашлаат, киваат или плукаат тие исфрлаат бацили-микроби на ТБ во воздухот. Едно лице е потребно да вдише само неколку од овие бактерии за да биде заразено. Околу една четвртина од светската популација има латентна ТБ, што значи дека луѓето биле заразени со ТБ бактерии, но сè уште не се заболени од оваа болест и не можат да ја пренесат истата.

Луѓето заразени со ТБ имаат 5-15% поголем ризик да заболат од туберкулоза. Лицата со компромитиран имунолошки систем, како што се лица кои живеат со ХИВ инфекција, неухранетост или дијабет, или пак луѓе кои консумираат тутун, имаат поголем ризик од заболување.

Кога некое лице развива активна болест на ТБ, симптомите како (треска, кашлица, ноќно потење или губење на тежина) можат да бидат лесни – непрепознатливи неколку месеци. Ова може да доведе до доцна нега и да резултира со пренесување на бактериите на други луѓе. Луѓето со активна ТБ можат да заразат 5-15 луѓе преку близок контакт во текот на една година.

Според последниот извештај за надзор и мониторинг на ТБ (СЗО / ЕЦДЦ) и покрај намалувањето на ТБ и намалувањето на стапката на инциденца на ТБ, околу 20.000 луѓе сè уште умираат од ТБ секоја година во регионот на Европа, секој трет пациент со ТБ има форма на болест отпорна на повеќе лекови и стапката на успех во третманот е недоволно оптимална.

Светскиот ден на туберкулозата 2021 година е можност да се фокусираме на успесите и достигнувањата, истовремено изразувајќи предупредување за заканата од туберкулозата отпорна на лекови и последиците предизвикани од пандемијата со КОВИД-19.

Изработки од учениците за денот на туберкулозата: