– „Повеќе…“
Блаже Конески – 100 Годишнина
Блаже Конески остави трајна вредност во македонското творештво и развојот на македонската литература и култура.
На денешното чествување на 100 годишнината од неговото раѓање присуствувавме во изведбата на народни песни кои се дел од творештвото на Конески и беа доделени од страна на Градоначалникот на општина Центар пригодни подароци на наградените ученици кои инспирирани од делото на Конески прочитаа свои дела возвишувајќи го неговиот лик и дело. Општина Центар ќе продолжи да го вреднува неговиот поетски потенцијал со кој Конески ја илустрира македонската култура која со текот на времето стана и наш знак на распознавање со светот.