Денови на електро техника 2022 год.

На 12. и 13. мај 2022 се оддржа “Денови на електротехниката 2022”.

Присуствуваа голем број на основни училишта од Град Скопје и за првпат годинава  и основни училишта од  другите градови од  Македонија.

Првиот ден по завршувањето на тестот, учесниците имаа можност да го посетат  Музејот на ЕВН – Изложбениот центар „Матка“, а на вториот ден се одржа квизот  во кој  учествуваа три екипи со најголем број на освоени бодови на тестот, тие се:

  • ООУ „Димитар Миладинов“ – 289 бода,
  • ООУ „Петар Поп Арсов“ – 250 бода,
  • ООУ „Ацо Шопов“ – 232 бода.

По завршениот квиз, рангирањето не се смени.

  • ООУ „Димитар Миладинов“ – 60 бода,
  • ООУ „Петар Поп Арсов“ – 52 бода,
  • ООУ „Ацо Шопов“ – 27 бода.

Нашето училиште, ООУ Димитар Миладинов, Општина Центар, Скопје, го претставуваа учениците: Тамара Ташковска, Марко Пејов, Тамара Татабитовска со менторот Аида Петровска.

Тамара Ташковска е прогласена за најдобар учесник во натпреварот.

Begin typing your search term above and press enter to search. Press ESC to cancel.

Назад До Горе