Историјат на Училиштето

Училиштето е формирано во октомври 1954 година, кога го носи името на народниот херој од НОБ – Иво Лола Рибар. Наставата се одвивала во старата зграда на гимназијата Цветан Димов, позната како машка гимназија. Во првата учебна година имало 639 ученика. Во денешната зграда училиштето работи од 1960 година.

Од 1961 година, по предлог на д-р Иван Рибар,таткото на Иво и Јурица, го носи името Браќа Рибар

Забавишна група е отворена во 1960 година.

Во 1965/66 година е воведен дневен престој за учениците

Во 1970/71 година експериментално е воведена целодневна настава во едно прво одделение

1974/75 целодневната настава е воведена од 1 до 4 одделение

училиштето се вбројува меѓу првите училишта во Македонија со овој вид на организација на воспитно-образовната работа.

Во пролетта 1990 година е формирано училишното еколошко друштво „Фиданки“, кое реализираше многу активности за развивање на еколошката свест и култура кај младите генерации.

Во март 1994 г. се промовираше новото име на училиштето: Димитар Миладинов.
За нашиот патрон беше компонирана химна:
музика – Ристана Николова, наставник по музичко образование;
текст – Стојка Даскаловска, наставник по македонски јазик.

Се изработи историско катче,
изработена биста од вајарот Бранко Јакшиќ,
портрет од сликарот Благоја Николовски и
започна да се празнува Денот на училиштето на Митровден.

Во 2004/2005 година почна со реализација проектот за учење на француски јазик од прво одделение.

Во 2006/2007година почна со реализација проектот за учење на руски јазик од прво одделение.

Училишната библиотека е формирана во 1958 година. Денес има фонд од околу 14000 книги.

Забна амбуланта во училиштето работи од1970 година.

Работното место стручен соработник – педагог постои од 1978 година,
а стручен соработник – психолог од 1989 година.

Во 1991 година беше воспоставена соработка со училиште од градот Брасак во Франција.

Во периодот од 2004 до 2008 година беше обновена соработката со основните училишта:
ОУ Краљ Петар Први од Белград и ОУ Брежице од Брежице, кои во минатото го носеле името Браќа Рибар.

Повеќе од 30 години училиштето соработуваше со училишта од СФРЈ кои го носеа името „Браќа Рибар“: од Белград, Загреб, Брежице, Осиек, Тузла, Бегеч, Никшиќ, Пеќ, Семизовац, с. Табановци.

Со цел размена на искуства преку проектни активности, дружење и афирмација на македонската традиција и култура училиштето соработува со училишта од повеќе европски земји – Русија, Романија, Бугарија, Белгија, Србија, Хрватска и Словенија.