Општински натпревар во шах

На денешниот општински натпревар во шах кој се одржа по повод денот на победата над фашизмот и денот на Европа 9мај од нашето училиште ,учество земаа 10 ученици од нашето училиште и тоа:

  1. Тео Ваљак Трпчевски прво одделение
  2. Алексеј Зиноски прво одделение
  3. Соња Топаловска трето одделение
  4. Марко Петровски петто одделение
  5. Бошко Топаловски петто одделение
  6. Павел Крстевски четврто одделение
  7. Горјан Трповски шесто одделение
  8. Виктор Деспотовски шесто одделение
  9. Павел Петровски шесто одделение
  10. Кристијан Лазоски осмо одделение

Учениците -шахисти се натпреваруваа поделени во две категории и тоа од прво до петто одделение-одделенска настава и од шесто до девето одделение -предметна настава.

Ученикот Павел Крстевски од четврто одделение го освои првото место во категоријата од прво до петто одделение и со тоа станува стипендист на Општина Центар.

Ученикот Кристијан Лазоски го освои второто место во категорија од шесто до девето одделение во крајно неизвесен натпревар.

Останатите натпреварувачи од нашето училиште забележаа солиден резултат и  секој од нив имаше позитивен скор во победи во однос на порази на шаховските партии. Со тоа докажаа и покажаа дека се едни од најдобрите натпреварувачи кои се носеа рамо до рамо со повозрасните од нив,како и со оние ученици за кои шахот претставува повеќе од хоби и професионално се занимаваат со него. Во иднина им посакуваме да бележат повисоки резултати и успеси. Честитки до сите вие сте наша гордост.

Begin typing your search term above and press enter to search. Press ESC to cancel.

Назад До Горе