Организација на наставата

Организациона поставеност на воспитно-образовната работа во

ОУ “Димитар Миладинов” Скопје

      Образованието кое детето го стекнува во првите години на своето школување битно го одредува неговиот иден став кон учењето кое треба да биде потреба и задоволство.Начинот на организирање на  времето кое детето го поминува во училиште влијае врз развивањето на чувствата на детето кон училиштето кое за него треба да претставува втор дом.

    Нашето училиште “Димитар Миладинов” е училиште со долга традиција, препознатливо по својата успешна воспитно – образовна дејност. Eдно e од првите училишта во Р. Македонија каде е воведена целодневната настава – престој на учениците во училиштето. Современиот начин на живот ги доведува во расчекор специфичните потреби на децата и можноста на нивните родители да одговорат на истите.Темпото на животот ја наметна промената на работното време и многумина од  родителите не се во можност на соодветен начин, квалитетно и континуирано да им го организираат на своите деца  времето по завршување на наставата во училиштето.

     Преку целодневната настава  училиштето се ангажира да создаде приближно исти услови за школување и психо-физички развиток на децата. Воедно на децата им се обезбедува хигиенско сместување, квалитетна исхрана, помош во завршувањето на задачите, поттикнување на креативноста, како и развивање успешна меѓусебна социјализација.Училиштето “Димитар Миладинов” располага со оптимални просторни услови за остварување на воспитно-образовната работа.

 

Одделенска настава

       За учениците од I-V то одделение организирана е целодневна настава .Пред почетокот и по завршувањето на наставата се организира дежурство од страна на наставниците. Целта е учениците да бидат згрижени и безбедни додека престојуваат во училиштето.Исхраната за учениците е организирана – оброците се подготвуваат во училишната кујна.

 

Организација  на работниот ден во целодневна настава:

 7.30 – 8.00 часот прием на учениците од  наставниците
8.00 -12.50 образовни часови по наставни предмети согласно Наставниот план
12.00 -13.30 ручек, одмор, креативно осмислено слободно време
13.00 -15.00 часови за самостојна работа, дополнителна и додатна настава

 15.00 – 15.30

15.30 – 17.00

  завршување на часовите, испраќање на учениците 

згрижување на учениците од страна на дежурните наставници

По 15.00 часот учениците имаат можност, по сопствен избор, да одат  на спортско-рекреативни активности, на курсеви по странски јазици, танц и други активности кои се одржуваат во просториите на училиштето
  • Часови за самостојна работа:
    • со примена на рационални  и ефикасни методи на учење, на учениците  им се помага  да ги совладаат наставните содржини
    • се користи индивидуалниот приод, со  примена на  постапки за самостојното учење
  • Слободно  време :
    • активности во училишниот двор, на спортско-рекреативните терени и во забавното катче
    •  посета на театар, кино, музеи, изложби, манифестации
    • активности во училница: играње на друштвени игри, слушање музика, гледање ТВ, читање, цртање и сл.

Предметна настава

     Наставата за учениците од VI – IX одделение (предметна настава) се реализира секогаш во прва смена, од 8.00 до 13.35 часот.

Временски распоред на часовите: 

1 час  8.00 – 8.40
2 час  8.45 – 9.25
 голем одмор  9.25 – 9.50
 3 час  9.50 – 10.30
 4 час  10.35 – 11.15
мал одмор   11.15 – 11.25
 5 час  11.25 – 12.05
  6 час  12.10 – 12.50
  7 час 12.55 – 13.35

Број на ученици и паралелки

Одделение Број на паралелки Вкупно ученици
I 3  72
II 4  90
III 3  85
IV 3  89
V 3  93
вкупно 16  429
VI/9 2  55
VII/9 4  97
VII 3  87
VIII 3  89
вкупно 12 328
I   –  VIII 28 757

Просторни услови

  •      Училишната зграда е со површина од 6417 м2., двор со зелен појас од 7541м2 спортски терени од 3802 м2 и други површини од 3000м2 Материјалната опременост е на задоволително ниво и истата согласно финансиските можности ќе се подобрува.
ред. бр. Вид на простории број
1. кабинети 19
2. училници за целодневна настава 15
3. библиотека 1
4. фискултурна сала 1
5. свечена сала 1
6. спортски терени 2
7. базен 1
8. училишна кујна и трпезарија 1
9. забна ординација 1

Begin typing your search term above and press enter to search. Press ESC to cancel.

Назад До Горе