Совет на родители

Советот делува во рамките на училиштето, соработува и со органите на локалната самоуправа, градот Скопје и други органи во државата.
Главните активности на советот на родители се насочени кон подобрување на квалитетот и работата во воспитно образовниот процес на учениците, подобрување на  условите за работа во наставниот процес, следење на дисциплината за време на часовите и по нив , односот наставник ученик со меѓусебна комуникација и информираност за тековните случувања и настани со вработените во училиштето .
Главна цел на работата на советот на родители а заедно со наставниците и вработените во училиштето  е на нашите ученици да им создадеме непречени услови за нивно мирно, безгрижно и успешно школување во ова училиште , градење на другарството,  самодовербата, почитување на еднаквоста, да создадеме  вистински и здрави личности  за понатамошните предизвици низ образованието, професијата, семејството и животот.