ООУ„ДИМИТАР МИЛАДИНОВ“
Центар,Скопје
ПОЧИТУВАНИ РОДИТЕЛИ
Во прво одделение во учебната 2022/23 год. се запишуваат деца кои до крајот на 2022 год. ќе наполнат 6 години.
ЗАПИШУВАЊЕТО НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ Е ВО МЕСЕЦ МАЈ
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
- потврда за примените задолжителни вакцини на детето, издаденаод надлежна здравствена установа;
- потврда за офталмолошки преглед, издадена од надлежна здравствена установа;
- потврда за стоматолошки преглед, издадена од надлежна здравствена установа;
- фотокопија од извод од матичната книга на родени на детето;
- лична карта на родител/старател на детето;
- при запишување на дете со попреченост родителот/старателот е должен да достави и мислење-функционален профил од Комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ-Меѓународна класификација на функционирањето (ул.„Васил Ѓоргов“ бр. 25,во поранешниот објект на Домот за деца без родители „11Октомври“ Скопје,тел. 6091752)
Основното училиште е должно да ги опфати учениците од својот реон;
Основното училиште може да запише ученици од друг реон или од друга општина само доколку има слободни места за запишувaње.
Во овој случај родителот/старателот треба да донесе согласност од училиштето од реонот во кој живее/престојува со која се одобрува истото .
Почитувани родители,
за навремено организирање на уписот потребно е до 25 априлда
пополните и доставите пријава за упис, електронски или во училиште.
пријавата ќе ја најдете на:
www.ooudimitarmiladinov.edu.mk
е- адреса: upisidimitarmiladinov@yahoo.com
За наредните чекори ќе Ве информираме на е-адресата што ќеја доставите во пријавата
Во опфатот на ООУ„Димитар Миладинов“ влегуваат следниве булевари и улици:
- булевари:
„Македонија“
„Кочо Рацин“(парни броеви )
- улици:
- „Јордан Мијалков“ (непарни броеви )
- „Герман“
- „11Октомври“(непарни броеви )
- „Св. Кирил и Методиј“ (парни броеви)
- „Христо Ботев“
- „Даме Груев“ ( парни броеви )
- „Филип Втори Македонски“( парни броеви )
- „Чеде Филиповски“
- „Мукош“
- „Ваташа“
- „Томе Пуре“
- „Мирче Мацан“
- „Тодор Палица“
- „Мирче Ацев“
- „Егејска“
- „Павел Шатев“
- „Зелен Пазар“
- „26“ „28“ „29“ „33“ „34“ „343“
Директор – Марија Варсамис Симоновска