Иво Лола Рибар
Браќа Рибар
ДИМИ
ТАР
МИ
ЛА
ДИ
НОВ
Започнува со 639 ученика.
Училиштето е формирано во октомври 1954 година, кога го носи името на народниот херој од НОБ – Иво Лола Рибар, а наставата се одвивала во старата зграда на гимназијата Цветан Димов, позната како машка гимназија.
Во денешната зграда училиштето работи од 1960 година. Од 1961 година, по предлог на д-р Иван Рибар, таткото на Иво и Јурица, го носи името Браќа Рибар.
Во март 1994 г. се промовираше новото име на училиштето: Димитар Миладинов. За нашиот патрон беше компонирана химна: музика- Ристана Николова, наставник по музичко образование; текст – Стојка Даскаловска, наставник по македонски јазик. Се изработи историско катче, беше изработена биста од вајарот Бранко Јакшиќ, портрет од сликарот Благоја Николовски и започна да се празнува Денот на училиштето на Митровден.
Забавишна група е отворена во 1960 година.
Во 1965/66 година е воведен дневен престој за учениците.
Во 1970/71 година експериментално е воведена целодневна настава во едно прво одделение, а во 1974/75 целодневната настава е воведена од 1 до 4 одделение, со што училиштето се вбројува меѓу првите училишта во Македонија со овој вид на организација на воспитно-образовната работа.
Во пролетта 1990 година е формирано училишното еколошко друштво „Фиданки“, кое реализираше многу активности за развивање на еколошката свест и култура кај младите генерации.
Во 2004/2005 година почна со реализација проектот за учење на француски јазик од прво одделение.
Во 2006/2007година почна со реализација проектот за учење на руски јазик од прво одделение.
Химна на ООУ Димитар Миладинов
Еднаш во градот Струга
покрај реката Дрим,
мајка родила чедо
чесен и учен син.
Јас го посеав семето
а вие бидете живи,
да го жнеете вечно
неговиот плод.
Благодарсност до тебе
учителу наш,
делото твое е славно
нека ни биде дар.
Јас го посеав семето
а вие бидете живи,
да го жнеете вечно
неговиот плод.
Стојка Даскаловска
Повеќе од 30 години училиштето соработувало со училишта од СФРЈ кои го носеа името „Браќа Рибар“: од Белград, Загреб, Брежице, Осиек, Тузла, Бегеч, Никшиќ, Пеќ, Семизовац, с. Табановци.
Во 1991 година беше воспоставена соработка со училиште од градот Брасак во Франција.
Во периодот од 2004 до 2008 година беше обновена соработката со основните училишта: ОУ Краљ Петар Први од Белград и ОУ Брежице од Брежице, кои во минатото го носеле името Браќа Рибар.
Со цел размена на искуства преку проектни активности, дружење и афирмација на македонската традиција и култура училиштето соработува со училишта од повеќе европски земји – Русија, Романија, Бугарија, Белгија, Србија, Хрватска и Словенија.
Работното место стручен соработник – педагог постои од 1978 година, а стручен соработник – психолог од 1989 година.
Училишната библиотека е формирана во 1958 година. Денес има фонд од околу 14000 книги.
Забна амбуланта во училиштето работи од 1970 година.
Димитар Миладинов (1810 – 1862) е централна личност на македонската преродба.
Тој е просветител, предводник на народното будење против грчките стремежи за однародување на македонците во деветнаесетиот век. Собирач е на народни умотворби, во што му помагале неговите ученици и брат му Константин. Плод на оваа дејност е Зборникот, објавен 1861 год. , дело со голема , повекекратна вредност: културна, национална, историска.
Еден од првите борци за националното ослободување за сестрано клтурно и материјално развивање на Македонците. Од него секој Македонец има што да научи. Неговиот пример е пример достоен за следење, тој е најсјајната светилка за сите нас што уште сме без светлина.