Куќен ред

  1. Наставата почнува во 8.00 часот. Учениците треба да дојдат најдоцна десет минути пред почетокот на часовите;
  2. Родителите треба да ги придружуваат своите деца до влезната врата на училиштето, освен во понеделник и петок (за помош околу ученичкиот прибор);
  3. Учениците кои задоцниле имаат обврска да влезат на часот и да се вклучат во работата;
  4. Наставниците имаат обврска да ги примат на час учениците што доцнат и истото да го евидентираат;
  5. He e дозволено учениците без одобрение на наставникот да го напуштаат часот;
  6. За учениците од целодневна настава часовите завршуваат во 15.15 часот
    Од 15.30 до 17.00 часот учениците се згрижени под контрола на дежурни наставници.
  7. По завршување на часовите и воннаставните активности учениците од предметна настава треба да си заминат од училиштето и училишниот двор;
  8. Родителите на учениците и други посетители, при влегување во Училиштето имаат обврска да се пријават кај дежурното лице (обезбедувањето);