Со цел проширување на своите знаења за својата татковина, истражување на непосредната околина, запознавање со географски, културни и историски локалитети, за учениците се реализираат ученичките екскурзии како специфичен облик на воспитно-образовна работа.
Стручниот тим за организирање и реализација на екскурзии во соработка со директорот на училиштето изготвува Програма за реализација на екскурзии и други слободни активности за учениците, која се усвојува од Советот на родители, БРО и од Советот на Општина Центар, Скопје.
Реденброј | Вид активност | Место | Време | Одделение | Статус |
1 | Есенски излет | Сарај | oктомври 2024 | I – IX | |
2 | Пролетен излет | Хиподром | мај 2025 | I – IX | |
3 | Еднодневна екскурзија | Лешок | мај 2025 | III | |
4 | Настава во природа | Струга / Охрид | мај 2025 | V | |
5 | Дводневна екскурзија | Источна Македонија | мај 2025 | VI | |
6 | Тридневна екскурзија | Западна Македонија | мај 2025 | IX |
Стручен тим за подготовка на екскурзиите, излетите и другите воннаствни активности:
Марија Варсамис Симоновска – директор на училиштето
Наташа Велковска, наставник по географија
Марија Насковска, наставник по биологија
Божо Бубало, наставник по историја
Бранкица Петревска, одделенски наставник
Наташа Самарска Миланова, одделенски наставник
*податоци за 2024/25 учебна година.