Одбележан Европскиот ден за борба против трговија со луѓе
Денеска државната секретарка на МВР и Национална координаторка за борба против трговија со луѓе г-ѓа Магдалена Несторовска по повод Европскиот ден за борба против трговија со луѓе присуствуваше на презентација наменета за подигнување на свеста за трговија со деца, која се одржа во О.У. „Димитар Миладинов“ во Скопје.
Во таа насока, по кампања на УНОДЦ и поддршка на Европската Унија и Советот на Европа, Националната комисија за борба против трговија со луѓе изготви едукативни материјали наменети за младите, со совети како да се заштитат себе си и најблиските од трговија со луѓе.
Материјалите ќе бидат поделени во основните училишта преку инспекторите за превенција кои ќе ја пренесат пораката на Националната комисија за навремено препознавање, заштита и ставањето крај на трговијата со луѓе во дигиталниот свет.
Оттука, апелираме на важноста, како што се вложуваат напори за овозможување на поголема достапност и пристап на граѓаните до интернетот, така подеднакво потребно е да ги предочиме опасностите и да работиме на поголема едукација, зголемување на свесноста за ризиците и негативните појави што ги носи интернетот и социјалните мрежи.