Денес е Светски ден за безбедност на интернет. За таа цел одлучивме да го одржиме предавање во ООУ “Димитар Миладинов” -Центар, Скопје.
Со реализација на едукативна и иновативна програма, под името „Интернетот не e само игра. Кликај безбедно!”, наменета за најмладите, нашите вработени, преку интерактивни и интересни предавања, приспособени за возраста и на образовната програма, ги запознаваат учениците од IV одделение и го збогатуваат нивното знаење за интернетот, како безбедно да бидат дел од светската мрежа, а притоа како да ги заштитат своите лични податоци.
Програмата се реализира во соработка со Министерство за образование и наука, а со одобрение на Бирото за развој на образованието.