Денес нашето училиште ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар достојно го одбележа Европскиот ден на јазиците. Низ цела Европа, 700 милиони Европејци застапени во 46 земји-членки на Советот на Европа се охрабрени да учат повеќе јазици, на било која возраст, во и надвор од училиштaтa. Убедени дека јазичната разноликост е алатка за постигнување на поголемо меѓукултурно разбирање и клучен елемент во богатото културно наследство на нашиот континент, Советот на Европа промовира повеќејазичност во цела Европа.
По иницијатива на Советот на Европа, Европскиот ден на јазиците, од 2001 година, се слави секоја година на 26ти Септември – заедно со Европската комисија.
Настап на учениците од ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар со англиската песничка “If you’ re happy and you know it”
Настап на учениците од 6то одд од ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар со македонската песна “Дајте раце”
Ритмички настап по повод Европскиот ден на јазиците на учниците од 5а одд при ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар на шпанската песна “Danza Kuduro”
Прекрасен настап со ритмичка точка на учениците од 7в одд. при ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар со англиско-француска песна “Reste” од Maître Gim & Sting
Прекрасен настап на нашата ученичка Нина Лазаревска од 7a одд. при ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар која настапи на денот на Европските јазици со француска песна од Mentissa “Et bam”