По повод завршувањето на учебната година, на предлог на ученичкиот парламент, за учениците од VI до IX одд. од ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар се одржа турнир во кошарка
од 03.06. до 10.06 Се одиграа 13 натпревари.
Во категоријата VI и VII одд. финалисти беа екипите на VI в и VII а одд.
Прво место освои екипата на VII а одд.
Честитки за учениците
Во категоријата VIII и IX одд. финалисти беа екипите на VIII а и IX а одд.
Прво место освои екипата на IX а одд.
Пофалба на сите екипи за борбената и фер игра! Благодарност за наставникот по физичко и здравствено образование Јован Миловски – организатор и судија на турнирот.
Благодарност за наставничката по физичко и здравствено образование Анета Гоцева и предметните наставници за придонесот во реализацијата на турнирот.
Ви посакуваме пријатен летен одмор!







