Ученичката Мила Митровска од VII в одделение од ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар беше дел од дваесетте ученици од основните и средни училишта во Северна Македонија кои учествуваа на бесплатниот летен франкофонски камп во Охрид, во организација на Фондацијата Bel idéal, Париз, Франција.
Еднонеделниот камп што почна на 26 јуни и траеше до 2 јули 2024г. Кампот официјално го отворија амбасадорот на Франција во Северна Македонија, Сирил Бомгартнер и претседателката на фондацијата “Бел Идеал”, Јадранка Бојковска Бенрејдал. Овој камп ги собра на едно место наградените ученици од натпреварите по Француски јазик од основните и средните училишта во нашата земја. Еве неколку фотографии.