Под овогодинешното мото „Јазици за мирот“, учениците од седмо одделение од ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар на часот по француски јазик го одбележаа Европскиот ден на јазиците, кој се слави на 26 септември. Учениците се запознаа со јазиците кои се зборуваат на европскиот континент и направија групен проект во кој ги претставија зборовите што означуваат „мир“ на повеќе европски јазици.
На часот по мултикултурни работилници, учениците од шесто одделение имаа можност да „отпатуваат“ до различни земји и да ги претстават преку јазикот што таму се зборува, како и преку нивните симболи и обележја. На часот, учениците изработија куфери и преку сопствено истражување, односно „патување“ до секоја земја, во својот куфер ги претставија зборовите: „здраво“, „како си“, „пријатно“, „благодарам“ на македонски, француски, англиски, германски и италијански јазик. За време на часот, учениците ги споделија новонаучените зборови и изрази на споменатите јазици и уживаа во слушање музика на тие јазици.