Изминатава година компанијата „Макпетрол“ е присутна во јавноста со општествено одговорната кампања „Крени глас против врсничкото насилство“. Целта на оваа комуникациска и едукативна активност е да се сврти интересот на пошироката јавност кон проблемот со којшто многу деца секојдневно се соочуваат. Тоа е врсничкото насилство, односно „булингот“, како што нашите драги ученици го нарекуваат.
Учениците, секако, не се единствен дел од соочувањето со проблемот со врсничкото насилство. Родителите, исто така, имаат клучна улога во процесот.
За таа цел, „Макпетрол“ во следниот период ќе организира настани/работилници наменети за родителите и за наставниците. Тие ќе бидат предводени од популарниот актер Сашко Коцев, кој ќе биде придружуван од експертот и психолог, Деспина Стојановска.
Покана до родителите, претставници од Советите на родители и сите оние кои се заинтересирани, да присуствуваат на работилниците сѐ со цел заедно да продискутираме за овој акуелен проблем и да се запознаеме со начините на препознавање и решавање на проблемите со врсничко насилство.
Се надеваме дека на 5.10.2024 (сабота) во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ со почеток во 18:00 часот ќе можете да ни се придружите и заедно да дадеме придонес во решавањето на проблемот со врсничко насилство во Македонија.
Со почит,