Хуманитарната акција за Дом за стари лица

Со огромно задоволство и почит кон хуманоста, информираме дека благодарение на несебичната поддршка и солидарност на нашето ООУ „ Димитар Миладинов “ Центар – официјална страна на училиштето преку успешна соработка со родителите и наставниците, се реализираше хуманитарната акција наменета за подобрување на условите во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Злокуќани.

По втор пат сме нивни гости ,а тие прекрасни домаќини ,секогаш креативни и со отворени срца не пречекаа со искрени насмевки ,убави честитки ,прегратки и убава песна .Се надеваме дека им го разубавевме нивното секојдневие со нашето присуство и секако помогнавме барем малку да им го олесниме животот и условите во домот со нашите донации од облека,постелнина ,храна и сл.

Нека овој акт на доброта послужи како инспирација за сите нас да продолжиме да даваме и да се грижиме едни за други со истата мерка на љубов и почит. Со ова, потврдуваме дека хуманитарната акција ќе продолжи и во иднина, со цел да се обезбеди секојдневна поддршка и да се подигне квалитетот на живот на нашите најстари членови на заедницата. Ви благодариме што сте дел од оваа прекрасна приказна на дарежливост и надеж.