На 28.10.2024 година во дворот на ООУ „Димитар Миладинов“ Скопје Центар беше спроведена обука на тема: “Основи на велосеипедизмот” на учениците на возраст од 8-12 години, како идни учесници во сообраќајот од страна на Никола Нешкоски од Вело Училишта.
На обуката во период од околу 2 часа беше опфатено:
- М проверка на велосипедот
- Нагодување на седиште
- Правилно местење на кацига
- Држење правец при возење во сообраќај.




*Поради големиот интерес во план е повторна обука за останатите заинтересирани.
Покрај другите активности кои ги прават Вело Училишта и Eco – Logic автори се и на слободените изборени предмети:
- Велосипедизам согласно Биро за развој на образованието Арх. бр. 08-1351/1 од 20.7.2022 год.
- Еколошко Образование согласно Биро за развој на образованието Арх. бр. 08-1471/1 од 06.09.2023 год.
Кои програми може да се примент и во нашето училиште.