Добитници на награда микроскоп од НЛБ банка

Да се биде хуман е избор,да се биде хуман е доблест која се носи во себе ,но и се надоградува .Како наставници наша цел е ние да го поставиме примерот и темелот за создавање мисија на хумани дела .

Затоа и оваа година ООУ „ Димитар Миладинов “ Центар – зема учество во наградниот предизвик на НЛБ банка на темата „Правиме добри дела“ .

Наставничките Соња Дракуловска Богдановска и наставничката Марија Апостолова во соработка со останатите наставници ,родители и ученици спроведоа хумана акција за донација на облека и постелнина во Државниот дом за стари лица ,,Дом за стари лица “Мајка Тереза”-Скопје .

И токму со ова хумано дело станавме добитници на награда микроскоп од тимот на НЛБ банка.

Голема благодарност до сите кои подадоа рака и беа хумани ,оваа награда е наш заеднички успех.

Нашата мисија на хуманост продолжува.