Раскажувањето приказни е супер друштвена игра

👉Во просториите на библиотеката „Страшо Пинџур“ (зграда на ЗОИЛ) се одржа работилница со учениците од II-а одделение од ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар која ја водеше нашата драга пријателка Искра Димковака од Сказнувалка 🤴 Работилницата ја започнавме со разговор за различните медиуми преку кои се раскажуваат приказни.

🤴Учениците ја слушаа приказната „Разнесувачката на леб“ од Петер Светина и Јокин Мичелена, по што следуваше дискусија за темата на приказната, карактерите и пораката што ја носи 📜

🙋Работилницата ја заокруживме со игра, во која учениците преку понудени илустрации создаваа свои приказни, се со цел развивање на способностите за раскажување приказни на забавен и интерактивен начин ✍️

👍Ѝ благодариме на наставничката Весна Кусакатска за соработката и големите заложби низ годините наназад да ја доближи книгата до секоја генерација ученици👩‍🏫