Нашите мали истражувачи од 3-А одделение имаа неверојатна прилика во рамките на предметот Природни науки и темата “Скелет, мускули и внатрешни органи, да го посетат Факултетот за ветеринарна медицина. Оваа посета беше исполнета со многу возбуда и нови знаења! 🐾
Учениците имаа можност да видат скелети на животни, внатрешни органи и да пробаат практично како се учи за помош при породување на теле. Тие исто така имаа прилика да видат и паразити кај животни, што беше многу едукативно и интересно. 🐶🐱
Оваа посета не само што ги збогати нивните знаења, туку и ги инспирираше да размислуваат за идни професии и да ги следат своите соништа. 🌟
Голема благодарност до родителот Радмила Чрчева Николовска и Факултетот за ветеринарна медицина за топлиот пречек и за сите интересни активности што ги организираа за нашите ученици: 🙏
- Доктор Филип Тројачанец (клиника)
- Доктор Ксенија Илиевска
- Доктор Љубица Рашиќ (паразити)
- Доктор Моника Довенска (скелети)
- Професор Бранко (репродукција)
Продолжуваме да ги поддржуваме нашите ученици во нивното образование и да им овозможуваме вакви незаборавни искуства! 📚✨