Врз основа на Одлуката за давање на користење на училишен простор и спроведување на други активности во врска со основните училишта на Општина Центар-Скопје со архивски бр.08-1389/56 од 14.03.2022 година донесена од Советот на Општина Центар-Скопје ,Согласноста од градоначалникот на Општина Центар бр.09-5140/2 од 03.12.2024 година , Одлуката од Училишен одбор бр.02-603/1 од 14.11.2024 година,
ООУ ДИМИТАР МИЛАДИНОВ –Скопје објавува
ОГЛАС бр. 02/2024
За давање на користење на Затворен училишен базен што е во состав на училиштето
Закуподавач: ООУ Димитар Миладинов Скопје,со седиште со адреса на Бул.„Кочо Рацин“ бр. 17 Скопје , телефон за контакт 02/ 3161-448.
Предметот на закуп се состои од :
- Училишен базен што е во состав на училиштето во ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје , наменет за спорт и рекреација со вкупна корисна површина од 159 м2 во време траење од 1(една) година од денот на склучувањето на договорот.
1.1 Просторот кој што се издава е со вкупна површина од 159 м2, ќе се издава по минимална цена од 15.000,00 денари без ДДВ плус 18% ДДВ на месечно ниво за период од 1 (една) година.
1.2 Минималниот чекор за зголемување на вредноста на недвижниот имот изнесува 5% од вкупната вредност без ДДВ.
2. Рок и услови кои треба да ги исполнуваат учесниците:
2.1 Огласот трае 5(пет) работни дена почнувајќи од 06.12.2024 година до 13.12.2024 година до 12.00 часот.
2.2 Огласот ќе биде објавен во весник Слободен печат
2.3 Право на учество во јавното наддавање имаат сите заинтересирани физички и правни лица кои до комисијата за јавно наддавање ќе ја достават следната документација и ќе ги исполанат минималните критериуми:
3. Минимални критериуми за учество на јавното наддавање:
- Регистрирана дејност поврзана со предметот на јавно наддавање.
- Закупецот да нема нема никакви финансиски обврски кон училиштето.
Начин на докажување на минималните критериуми за учество на јавното наддавање:
- Потврда за Регистрирана дејност издадена од Централен Регистра на РСМ не постара од 6 месеци , сметајќи од крајниот рок за доставување на документи по објавениот оглас наназад,
- Потврда од училиштето дека до моментот на поднесување на понудата по јавен оглас 02/2024 закупецот нема никакви финансиски обврски кон училиштето.
4. ОПШТИ ОДРЕДБИ:
4.1 Документацијата се доставува во затворен коверт минимум А4 формат, со ознака “НЕ ОТВАРАЈ” за оглас 02/2024 Издавање на училишен базен што е во состав на училиштето ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје. Документацијата може да се достави по пошта, по брза пошта или лично во архивата на училиштето ООУ Димитар Миладинов Скопје, со седиште со адреса на Бул. „Кочо Рацин“ бр. 17 Скопје (работно време во архивата од 09.00 до 12.00 часот најдоцна до 13.12.2024 година ).
4.2 Понудувачот кој нема да ги достави потребните документи нема право да учествува на јавното наддавање.
4.3 Документите доставени од страна на понудувачите за оглас бр.02/2024 не се враќаат.
5. ВРЕМЕ НА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ:
5.1 Јавното наддавање ќе биде во просториите на училиштето во времетраење од 30 минути. Комисијата задолжена за спроведување на огласот ќе го/ги извести понудувачот/понудувачите за денот и часот на јавното наддавање.
6. НАЧИН НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ И ИЗБОРОТ НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ:
6.1 Јавното наддавање ќе започне доколку има најмалку 2(два) учесници кои ги исполнуваат условите од огласот.Јавното наддавање ќе започне од највисоката понудена месечна закупнина. Понудувачите со доставување на документите задолжително треба да достават финансиска понуда со понудена цена која треба да биде еднаква или повисока од 15.000,00 денари без ДДВ согласно извршената проценка од страна на овластен проценител.
6.2 Понудувачите на јавното наддавање имаат право да поднесат нова цена а минималниот чекор за зголемување на вредноста на недвижниот имот изнесува 5% од вкупната вредност без ДДВ. Понудувачите во затворен коверет преку архивата на училиштето во утврденото време од 30 минути ќе треба да поднесат нова цена. Учесникот кој на јавното наддавање ќе понуди најголема цена се стекнува со статус најповолен понудувач.
6.3 Во случај да има само една понуда, понудената цена ќе се смета за конечна.
7. УСЛОВ ЗА УПОТРЕБА НА ПРОСТОРОТ:
- Употребата на просторот не треба да влијае врз безбедноста на учениците и врз квалитетот на воспитно образовниот процес
- Nамената за која се користи просторот не предизвикува негово оштетување
- Kористењето на просторот, во времетраењето-терминот на издавање, не ги попречува функцијата, текот и квалитетот на воспитно образовниот процес.
- Корисникот на просторот се обврзува секоја сабота во месецот да обезбеди пливање со вклучен тренер на заинтересирани ученици од училиштето во траење од 60 минути на бесплатна основа.
- Корисникот на просторот се обрзува за децата од социјален ризик со издадена потврда од Училиштето да обезбеди бесплатни тренинзи по пливање за целото времетраење на договорот.
8. ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЗАКУПОТ:
- Просторот се издава под закуп од 1 (една) година .Договорот ќе се склучи во рок од 10 (десет) работни дена по завршување на постапката.
- Доколку најповолниот понудувач не пристапи кон склучување на договорот ќе се смета дека ја повлекол понудата и ќе нема право на идни јавни наддавања за издавање на училишен простор во наредните 3(три) години од страна на ООУ Димитар Миладинов Скопје, а училиштето ќе склучи договор со следно рангираниот понудувач или ќе ја поништи постапката.
- Комисијата по завршување на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.
- Учесниците на јавното наддавање имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање и приемот на записникот и одлуката за најповолен понудувач до Комисијата формирана од страна на Градоначалникот на Општина Центар, која одлучува по приговорот со Решение во рок од 5 дена од приемот на приговорот.
Забелешка:
1. Простор може да се види секој работен ден во период од 09.00 до 12.00 часот додека трае огласот.
2. Просториите за закуп се издаваат во видена состојба.
3. Закупнината во договорот за закуп се изразува без ДДВ. Данок на додадена вредност се изразува посебно во фактурата од страна на училиштето.
4. Неплаќањето на 2 (две) последователни месечни закупнини, во текот на траењето на закупениот однос, претставува основ за раскинување на договорот од страна на ООУ Димитар Миладинов -Скопје.
5. Трошоците за електрична енергија, греење, вода, комунални услуги (ѓубретарина и др. комуналии) за просторот даден под закуп, целосно ги сноси закупецот и истите ќе се наплатуваат по доставена фактура од страна на ООУ Димитар Миладинов Скопје во прилог копија од сметки ; За сметките за вода ќе се фактурира од страна на ЈП Водовод и канализација-Скопје, согласно потрошувачката од страна на закупецот.Во просторот има контролен водомер . Закупецот е должен во рок од 1(еден)месец да го одвои броилото за електрична енергија на негов трошок.
6. Закупецот не може да го дава просторот во подзакуп.
ООУ Димитар Миладинов Скопје
Комисија за спроведување на постапка за давање на користење на друг простор што е во состав на училиштето
ДИРЕКТОР
Марија Варсамис Симоновска