На денешната работилница учениците од IIIа одделение имаа можност да ги прошират знаењата за растението даб Благун.
Дознаа за најстариот даб во Македонија.
Научија за што се користеле дабот и неговиот плод – желадот, во минатото и денес.
Преку обиди сфатија како да определат кој желад е погоден за понатамошно ‘ртење и негово растење во млада фиданка.
Беа пресреќни што се дел од создавање на нови дабови садници кои во иднина ќе ја обогатат природата во нашата татковина.
За сето ова му благодариме на нашиот родител Васе Аманито кој им го овозможи задоволство на нашите ученици.