
Учениците од ООУ „Димиитар Миладинов“ од Скопје постигнаа извонредни резултати на 46. Школа „Млади физичари“, која се одржа на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет. На натпреварот, кој се одржа Во рамките на ноември месецот на науката, учествуваа стотици ученици од различни училишта низ Македонија, кои ги презентираа своите научни експерименти и практични демонстрации.
Од 20 ученици што учеству ваа од ООУ „Димитар Миладинов“, осум освоија втори награди, а 10 трети награди, што претставува значителен успех и потврда за нивната посветеност, труд и знаење. Овој резултат е доказ за континуираната работа на учениците и нивната љубов кон науката.
Натпреварот „Млади физичари” им овозможи на младите таленти да ги покажат своите способности Во физиката, како и да учат од стручни експерти и научници преку предавањата и работилниците што беа дел од програмата. Настанот претставува значајна платформа за поттикнување на научниот интерес и развој на младите научници во Македонија.
Честитки до сите ученици за постигнатите награди, како и до нивните наставници за нивната посветеност и труд во воспитувањето на идните научници.
Објавено во Нова Македонија Ф.Д.
