Оглас за избор на директор на училиште

Училишниот одбор на Општинското основно училиште „Димитар Миладинов“ општина Центар, Скопје врз основа на член 108, член 109 став 3 и член 115 од Законот за основно образование (“Сл.весник на РСМ” бр.161/2019, бр.229/20 и бр.3/25) и Одлуката за објавување на јавен оглас за избор на директор од Градоначалник на Општина Центар со Дел.бр.09-267/1 од 16.01.2025 година и Одлуката за распишување на јавен оглас за избор на директор на училиштето донесена од страна на Училишен одбор на ООУ „Димитар Миладинов“ Центар, Скопје Дел. бр. 03-58/1 од 07.02.2025 година, Училишниот одбор при ООУ„Димитар Миладинов“ Центар Скопје, распишува

ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на директор на училиштето

  1. Кандидатот за директор на училиштето, покрај општите услови предвидени со Законот за работни односи, потребно е да ги исполнуваат следниве посебни услови:
  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • да има високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС (VIA ниво) или завршено најмалку високо образование со траење од четири години (најмалку VII/1 степен),
  • да има најмалку пет години работно искуство во основно училиште како наставник или стручен соработник,
  • да има уверение за положен испит за директор,
  • да има потврда за проверка за познавање и користење на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, освен за наставниците по предметот македонски јазик,
  • да има потврда или сертификат за положен испит за познавање на еден од четирите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски и италијански) на ниво Б2 од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга, не постари од пет години, освен за наставниците по предметот англиски јазик, француски јазик, германски јазик и италијански јазик,
  • да има општа здравствена состојба за работното место и
  • до моментот на избор за директор на основно училиште со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.
  1. Кандидатот за директор на училиштето треба да ги приложи следните документи:
  • Пријава по јавниот оглас со кратка биографија и мотивационо писмо;
  • Диплома/Уверение за завршено најмалку четиригодишно високо образование со стекнати најмалку 240 ЕКТС или квалификации на VI-А ниво од Македонската рамка на квалификации кои соодветствуваат на ниво VI од Европската рамка на високо образовни квалификации;
  • Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
  • Потврда за работно искуство во воспитно-образовна работа издадена од установи верифицирани од Министерството за образование и наука за вршење на воспитно-образовна работа;
  • Уверение за положен испит за директор на училиште;
  • Потврда дека на кандидатот не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност издадена од надлежен орган (не постара од 6 месеци);
  • Програма за работа на директорот на училиштето за период од четири години;
  • да има потврда или сертификат за положен испит за познавање на еден од четирите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски и италијански) на ниво Б2 од Европската референтна рамка за јазици, издадена од установа или институција во државата или во странство, регистрирана како давател на оваа услуга, не постар од 5 години, освен за наставниците по предметот англиски јазик, француски јазик, германски јазик и италијански јазик
  • Уверение за педагошко-психолошка и методска доквалификација (доколку кандидатот за директор има завршено ненаставна група на студии, односно на студии кои немаат наставна насока);
  • да има потврда за проверка за познавање и користење на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, освен за наставниците по предметот македонски јазик
  • да има општа здравствена состојба за работното место

3. Рокот за доставување на документите е 5 (пет) дена од денот на објавувањето на огласот односно од 10.02.2025 до 14.02.2025 

4. Со кандидатите што ги исполнуваат условите ќе се изврши интервју за што дополнително ќе бидат известени истите.

5. Работното место директор на училиштето е работно место со посебни овластувања. Мандатот на избраниот директор ќе биде 4 (четири) години сметано од денот на именувањето.

6. Основната нето месечна плата согласно мерила и критериуми утврдени со член 115-а од Законот за основно образование и Колективниот договор за основно образование по коефициент на сложеност 3.253 и нето износ од 45.762,00 денари + додаток за минат труд од висина од 0,5% за секоја година работен стаж, распореден во 5 работни денови со 40 работни часови во неделата со дневно работно време од 07:30 до 15:30 часот.

7. Изборот ќе се изврши во роковите предвидени согласно член 115 и 35 од Законот за основно образование („Сл.весник на РСМ“ бр.161/2019 и бр.229/20 и бр..3/25), најдоцна во рок од 45 дена;

8. Потребните документи во затворен плик во оригинал или фотокопија заверена кај нотар се доставуваат до ООУ „Димитар Миладинов“ Скопје, Центар, со назнака до Училишниот одбор на ООУ „Димитар Миладинов“ Скопје, Центар – Бул. „Кочо Рацин“ бр.17 Скопје – Комисија за разгледување на документите по јавен оглас за избор на директор на училиштето во архивата на училиштето на деновите на огласот од 09.00-13.00 часот.

9. Некомплетните и ненавремените доставени документи ќе бидат отфрлени и нема да се разгледуваат од страна на Комисијата.

Контакт тел. 075-208-483
e-mail адреса miladinov.dimitar@yahoo.com

Претседател на Училишен Одбор на ООУ „Димитар Миладинов “ Скопје
Васе Аманито