Најверни читатели и посетители на библиотеката

Денес во училишната библиотека на ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар беа доделени дипломи за најверните читатели и најпостојани посетители на библиотеката за учебната 2023/24 година на Кјара Груевска и Дејана Тодоровиќ 3-а одд. со најмногу прочитани книги како и диплома за цело 3-а одд.Преку целата година овие две ученички читаа книги кои се за деца на возраст од 4-то одд., т.е. тие се напредни читателки кои го мотивираат целото одделение да читаат што повеќе книги.📚📚📚

Мото: Читајте, деца!! Она кое ќе го прочитате никој не може да ви го украде!