Вредни рачиња, вредни дечиња, заедно со вредните наставници, денес во нашето ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар се реализираа активности кои го претставија во боите на пролетта целото училиште.
По повод Денот на пролетта, нашето училиште организираше еко-акција за садење цвеќиња за да се разубави училишниот простор. Учениците заедно со наставниците покажаа интерес и желба за реализирање на оваа еко-активност.
Благодарност до родителите што учествуваа во оваа еко-акција и дадоа свој придонес.














