Франкофонски успеси на регионалниот натпревар по француски јазик

Успесите на нашите франкофони продолжуваат!

Со гордост ги споделуваме одличните резултати што нашите ученици ги постигнаа на регионалниот натпревар по француски јазик за VIII и IX одделение, одржан на 28 март.

Покажувајќи извонредно знаење и труд, ги освоија следниве места:

VIII одделение:

  • Мила Митровска – I место
  • Кристијана Атанасова – II место
  • Андреа Петреска – Успешно учество

IX одделение:

  • Дамјан Станојловиќ – III место
  • Миа Ѓорчевска – V место
  • Софија Груевска – Успешно учество

Учениците беа под менторство на наставничката по француски јазик, Марија Митреска.

Огромно браво за вашата посветеност и вложен труд, драги ученици! Им честитаме на сите за учеството и постигнатите резултати.

На Мила, Кристијана, Дамјан и Миа им посакуваме многу среќа и уште поголеми успеси на државниот натпревар!