Ден на Франкофонија – културна разновидност

🇫🇷Денес нашите ученици од петто одделение од ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар кои изучуваат француски јазик преку проектот “Сензибилизација на францускиот јазик” го претставија нашето училиште по повод “Меѓународниот Ден на Франкфонијата”.

🇫🇷Беше присутен амбасадорот на Франција, Кристоф ле Риголер и други дипломатски претставници од Белгија, Бугарија, Канада, Швајцарија, Романија и Грција..

👦🏼👧🏻Преку интерактивни штандови, учениците од сите основни училишта во Центар се доближи културната разновидност на франкофонските земји, покажувајќи дека јазикот и културата се мостови што нѐ поврзуваат.

🙏🏼Со едноминутен молк и со заеднички чин на солидарност, засадивме дрва во знак на почит кон жртвите од трагедијата во Кочани.

🇲🇰🇫🇷Настанот се реализираше во соработка со Француската амбасада и Францускиот институт во Скопје.