Голема чест и задоволство ни е да објавиме дека нашата ученичка Елена Маневска од 8-в одделение постигна исклучителен успех на државниот натпревар по германски јазик, кој се одржа на 27.03.2025 година. Елена се здоби со трета награда, што е потврда за нејзиниот труд, талент и посветеност кон изучувањето на германскиот јазик.
Овој успех е резултат на напорната работа на Елена, како и на поддршката од нејзините наставници и родители. Горди сме на нејзиното достигнување и и честитаме од срце.
Искрено се надеваме дека овој успех ќе биде поттик за Елена за понатамошни успеси во изучувањето на германскиот јазик, како и за сите останати ученици во нашето училиште.
Честитки, Елена!