Со големо задоволство и гордост објавуваме за исклучителниот успех на учениците од VIa одделение под менторство на предметната наставничка Марија Апостолова на неодамна одржаниот Регионален натпревар по природни науки, кој се одржа на 04.03.2025 година.
Нашите ученици постигнаа забележителни резултати, покажувајќи го својот талент, знаење и посветеност кон природните науки:
- Прва награда: Каролина Кироска
- Прва награда: Ана Марија Тодоровиќ
- Пофалница: Димитар Танчев
- Пофалница: Михаил Марковски
- Учество: Горазд Јаневски
Овие успеси се резултат на нивниот напор, љубопитност и одличната поддршка од нивната менторка, наставничката Марија Апостолова. Им честитаме на сите ученици за нивните постигнувања и им благодариме за достојното претставување на нашето училиште.
Посебно им честитаме на Каролина и Ана Марија за освоените први награди и им посакуваме многу среќа и успех на претстојниот Државен натпревар! Веруваме во нивните способности и им држиме среќа!
Честитки уште еднаш!