Огромен успех за нашите деветтоодделенци на регионалниот натпревар по физика!

По големиот успех што нашите ученици од 9-то одделение го постигнаа на регионалниот натпревар по физика кој се одржа на 05.04.2025 год, имаме особена чест да ги споделиме резултатите на нашите претставници од ООУ „Димитар Миладинов“- Центар, Скопје:

  • Филип Хаџи Велков – 100 поени
  • Огнен Трпески – 74 поени
  • Јордан Соколовски – 65 поени

Искрени честитки до сите ученици за покажаниот труд и постигнатиот успех, како и до менторот Аида Петровска и Рада Манчева за несебичната поддршка и посветеност! Ви посакуваме многу успех и на претстојниот државен натпревар.

Преземи го списокот учесници на регионалните натпревари по физика одржани на 5.04.2025 година на ученици кои избориле пласман на Републичките натпревари по физика Основно образование