🎉 Огромни честитки за нашите ученици на Државниот натпревар по француски јазик – Олимпијади 2025! 🎉
Со голема гордост и задоволство ви ги пренесуваме прекрасните резултати на нашите ученици кои учествуваа на Државниот натпревар по француски јазик – Олимпијади 2025, кој се одржа на 11.04.2024 година. Под менторство на нивната посветена наставничка, Марија Митреска, нашите ученици постигнаа извонреден успех:
🥇 Мила Митровска од VIII одделение го освои ПРВОТО МЕСТО и титулата Државен првак!
🥈 Кристијана Атанасова од VIII одделение го освои ВТОРОТО МЕСТО!
Покрај нив, посебна чест ни причинуваат и нашите ученици од деветто одделение кои добија Пофалници за учество:
- Дамјан Станојловиќ
- Миа Ѓорчевска
Искрено им честитаме на сите наши ученици за нивниот труд, посветеност и постигнати резултати! Нивната волја и мотивираност се за пример и гордост за нашето училиште.
Голема благодарност до нивната менторка, наставничката Марија Митреска, за нејзината поддршка и насоки кои придонесоа за овој голем успех.
Браво за сите! 👏🇫🇷🏆

