Почитувани родители и ученици,
Ве покануваме на хуманитарен зумба настан под мотото „Танцувај и донирај“, кој ќе се одржи во нашето училиште, ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар, на 27 април (недела) со почеток во 12:00 часот.
Настанот ќе биде поделен во два дела:
- 12:00 – 13:00 часот: Зумба за деца
- 13:00 – 14:00 часот: Зумба за возрасни
Зумба програмата ќе ја водат врвни инструктори од Македонија.
Влезница: 300 денари.

Сите собрани средства ќе бидат донирани за помош на семејствата на настраданите од неодамнешниот пожар во Кочани.
Доколку сте во можност да помогнете со дополнителни донации или спонзорства, Ве молиме контактирајте не. Вашата поддршка е добредојдена!