Еколошко-хуманитарна акција: 23 фиданки за 80 години од Победата над фашизмот

На 26 април 2025 година, во дворот на нашето училиште, се одржа еколошко-хуманитарна акција по повод 80-годишнината од Победата над фашизмот. Учениците и наставниците засадија 23 фиданки во чест на паднатите жртви во борбата против фашизмот.

Со оваа акција, покрај одбележувањето на значаен историски настан, ја потврдуваме и нашата посветеност кон зачувување на животната средина и воспитување на младите генерации во духот на хуманизмот и почитувањето. Секоја засадена фиданка претставува симбол на сеќавање, мир и надеж за подобро утре.