II-a Ја истражуваат магијата на книгите во библиотеката „Страшо Пинџур“

Нашите вредни ученици од II-a одделение, под водство на наставничката Весна Кусакатска, неодамна беа во посета на библиотеката „Страшо Пинџур“, дел од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје.

Во пријатна атмосфера, најмладите и најверни читатели од ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар со голема радост ги споделија своите омилени приказни, читаа извадоци и раскажуваа за хероите кои ги воодушевиле. Нашите љубопитни другарчиња уште еднаш покажаа дека магијата на читањето е бескрајна.

Средбата беше вистинска прослава на детската радост и љубовта кон пишаниот збор. Секој ученик си замина со позајмена книга, подготвен да продолжи со читателските авантури и дома.

Им благодариме на раководителката Јулија Симовска Динковска и на целиот тим на Градската библиотека за топлото добредојде и за несебичното споделување на љубовта кон книгата со нашите мали читатели.