Нашето училиште, ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар, со задоволство учествуваше во програмата за сензибилизација кон францускиот јазик во петто одделение, организирана од Францускиот институт во Скопје.
По успешниот почеток во првото полугодие, нашите петтоодделенци продолжија со активностите и во второто полугодие, покажувајќи уште поголема посветеност и ентузијазам за учење на овој прекрасен јазик. 🇫🇷
Оваа иницијатива им овозможува на учениците да се запознаат со францускиот јазик и култура на интересен и интерактивен начин.
Упатуваме благодарност до Францускиот институт во Скопје, како и до сите ученици, наставници и родители за нивната поддршка и интерес за оваа програма.