Денес, 9 мај, во нашето училиште ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар, се одржа свечен фестивал под наслов „Ние паметиме и се гордееме“. Фестивалот беше посветен на одбележувањето на 80-годишнината од Победата над фашизмот, во чест на сите храбри борци од целиот свет кои придонесоа за оваа значајна победа.
Дел од програмата беше и настапот на училишниот хор, кој под диригентската палка на наставничка Бојана изведе прекрасни руски песни поврзани со Денот на победата.
Со овој фестивал, уште еднаш се потсетивме на важноста на мирот и ја изразивме нашата почит кон жртвите и хероизмот во борбата против фашизмот.



