На 9 мај 2025 година, учениците од 8-в одделение од ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар имаа единствена можност да ја посетат Владата на Република Северна Македонија.
За време на посетата, учениците одблиску се запознаа со начинот на функционирање на Владата и различните сектори во неа. Тие имаа средби со раководители на неколку сектори и советници на претседателот на Владата, кои одговорија на нивните љубопитни прашања. Учениците ги разгледаа свечената сала, салата за седници, медиа центарот и кабинетот на премиерот, добивајќи директен увид во работата на извршната власт.
Оваа посета претставуваше значајно искуство за учениците, помагајќи им подобро да ги разберат државните институции и нивната улога во општеството.

