Натпревар по француски јазик “Олимпијади” 2025 год.

На 10ти мај нашето училиште ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар беше домаќин на голем настан, во организација на фондацијата “Бел Идеал”, државен натпревар по француска шансона.

Во таа пригода беа свечено доделени наградите од државниот натпревар по француски јазик “Олимпијади” 2025год. на ученичките:

🥇Мила Митровска од осмо одделение државен првак со освоено прво место.

🏅Кристијана Атанасова од осмо одделение со освоено второ место, кои беа наградени со патување во градот на светлината 🇫🇷Париз и кое ќе се реализира во месец јули.

🥇Инес Чадловска од седмо одделение државен првак со освоено прво место на натпреварот за спелување.

🥇Нина Лазаревска ученичка од осмо одделение државен првак во изведба на француски шансони во категорија основно одделение.

Тие ќе уживаат во престој на летниот франкофонски камп во Струга во месец јуни.

👏Честитки за нашите наградени ученички и менторката Марија Митреска.

Голема благодарност до фондацијата Bel idéal, која им овозможува на нашите вредни и талентирани ученици да стекнуваат нови знаења и да ги остварат своите соништа.