Мила Митровска со втора награда на Државен по географија!

Со голема радост и гордост го споделуваме извонредниот успех на нашата ученичка Мила Митровска од осмо одделение. На Државниот натпревар по географија, одржан на 10 мај 2025 година, Мила го освои високото второ место! 👏

Овој значаен резултат е потврда за нејзиниот труд, посветеност и одличното познавање на географијата.

Упатуваме најискрени честитки до Мила Митровска и нејзината менторка, наставничката Габриела Граорковска, за постигнатиот успех и достојното претставување на ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар.