Денес, по повод празникот на македонските просветители Св. Кирил и Методиј, Општина Центар традиционално ги награди најуспешните наставници од училиштата на својата територија.
Со голема гордост и задоволство споделуваме дека од нашето училиште, ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар, оваа престижна награда ѝ беше доделена на одделенската наставничка Снеже Тодорова.
Наставничката Тодорова, со своето долгогодишно работно искуство, неизмерна посветеност и докажаност во професијата, е целосно ангажирана во воспитно-образовниот процес и претставува вистински пример за учениците.
Од срце ѝ честитаме на наставничката Снеже Тодорова за заслуженото признание! Веруваме дека оваа награда ќе биде дополнителна мотивација за нејзините идни професионални успеси и достигнувања. 💐💐💐



