Почитувани родители,
Ве известуваме за можност за учество на нашите ученици во филмски проект!
Нашето училиште ќе биде домаќин на првиот дел од аудицијата за нов краток игран филм со работен наслов „БОЖАНА“, во режија на Небојша Јовановиќ, а во продукција на ДААН продукција.
Бараме млади таленти за улога на момче на возраст од 4 до 8 години.
Процес на аудиција и важни информации:
- Согласност од родител е задолжителна: За да може вашето дете да учествува на аудицијата, задолжително е да донесете потпишана согласност од родител/старател на денот на аудицијата. Без оваа согласност, екипата нема да може да го сними/аудицира вашето дете.
- Образецот за согласност можете да го преземете на следниов линк.
- Прв круг на аудиција во училиштето: Екипата на филмот, вклучувајќи го и режисерот Небојша Јовановиќ, ќе го посети нашето училиште во четврток, 29 мај 2025 година, за да ги запознае децата кои имаат добиено согласност од родителите. Ова ќе биде првична селекција и „филтер“.
- Втор круг и барани материјали: Доколку вашето дете биде селектирано по првиот круг, ќе бидете контактирани за дополнителна аудиција на друга локација, заедно со вашите родители. За оваа фаза, ќе бидат побарани следниве материјали:
- Кратко видео со претставување (до 20 секунди).
- 2 фотографии: амфас и профил (без филтри, наочари и капи).
- Година на раѓање на детето.
- Контакт број од родител.
Снимање:
Снимањето на филмот е предвидено за неколку дена во текот на месец мај 2025 година, на локации во Скопје.
За сите дополнителни прашања обратете се на телефонскиот број 078 377 013.