Обновена соработката меѓу училиштата од Македонија, Србија и Словенија 🇸🇮🇷🇸🇲🇰

Со голема радост и задоволство, ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар ја најавува обновата на една прекрасна традиција – збратимувањето и соработката со ОШ „Краљ Петар Први“ од Белград, Србија и Osnovna šola Brežice од Брежице, Словенија.

Како прв чекор кон зацврстување на ова пријателство, претставници од нашето училиште, заедно со пријателите од Белград, беа во тридневна посета на домаќините во Словенија. За време на посетата, тие имаа можност да го разгледаат училиштето во Брежице, да се запознаат со вработените, да разменат искуства и да ги видат знаменитостите на градот.

Оваа иницијатива има за цел да го продлабочи пријателскиот однос, да овозможи размена на искуства и добри практики во образовниот процес и да создаде нови можности за соработка меѓу учениците и наставниците од трите земји.

Со нетрпение ги очекуваме следните чекори и идната посета на нашите нови-стари пријатели во Скопје!