Наши ученички дел од Летниот франкофонски камп во Струга

Со големо задоволство споделуваме дека нашите ученички Нина Лазаревска (8-в одд.) и Инес Чадловска (7-б одд.) престојуваат во летниот франкофонски камп во Струга. 🎉

Кампот, кој се одржува од 15 до 20 јуни 2025 година во организација на Фондацијата „Бел Идеал“, собира 30 ученици од целата земја. Оваа одлична можност им овозможува на нашите ученички да го усовршат францускиот јазик преку серија креативни работилници, меѓу кои:
🎭 Театар
📝 Креативно пишување
🎨 Ракотворби и поентилизам
🎶 Франкофонска музика

Ова искуство е прекрасна прилика за учење, дружење и создавање нови пријателства во франкофонски дух.

Им честитаме на Нина и Инес за учеството и им посакуваме незаборавна недела, исполнета со нови откритија, креативност и забава! 🇫🇷☀️