По повод новогодишните празници, активот на петите одделенија од ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар организираше хуманитарна акција, собирање на облека за дечиња од 5 до 15 години. Истата беше донирана на социјално загрозени деца во ООУ ” Визбегово” – Визбегово, Општина Бутел. Радоста на нивните лица зборува многу повеќе од пишаниот збор.

