Во духот на празниците, во нашето училиште успешно се реализираше новогодишниот турнир во мал фудбал, на кој учество зедоа вкупно 11 екипи. Турнирот помина во одлична спортска атмосфера, исполнета со борбеност, фер игра и навивачки дух.
🔹 Категорија VI–VII одделение
Финалисти: 6б и 7б
🏆 Победник: 7б одделение
🔹 Категорија VIII–IX одделение
Финалисти: 8б и 9а
🏆 Победник: 9а одделение
👏Пофалба за сите екипи за прикажаната спортска и фер игра, како и голема благодарност до публиката која придонесе за одличната атмосфера на трибините.
🙏 Благодарност до директорката, стручната служба и наставниците за поддршката и помошта во организацијата на овој турнир.
👏 Посебна благодарност до наставникот по физичко и здравствено образование Јован Миловски за успешната реализација и судењето на натпреварите.
🎖️ По завршувањето на турнирот, на сите учесници свечено им беа доделени дипломи, а на најдобрите екипи и пехари.
🥤 Огромна благодарност до компанијата SOKO fruit drinks, која ги израдува сите учесници со сокчиња. Се надеваме на успешна соработка и во иднина!
⚽✨ Честитки до победниците и благодарност до сите што беа дел од овој спортски настан!











