Работилница на тема “Различноста нѐ обединува- секој ученик е важен”

Нашето училиште е дел од проектот „Прифати, делувај, направи промена“, грантиран од Здружението за унапредување на новинарските практики ИНОВАТИВНИ МЕДИУМИ – Скопје, поддржан од Европската Унија, а спроведуван од Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“.
Во рамки на проектот, тим од искусни обучувачи од „Отворете ги прозорците“ реализираше работилница на тема „Различноста нè обединува – секој ученик е важен“, на која учениците преку игра, дискусија и практични активности учеа за прифаќање на различностите, меѓусебна поддршка, емпатија и почитување.
Преку активностите учениците разговараа и за препознавање и надминување на предрасудите и говорот на омраза, како и за тоа како сите заедно можат да придонесат за создавање безбедна, поддржувачка и инклузивна училишна средина во која секој ученик се чувствува прифатен и важен.